Босански оштровлакнест гонич - Барак
FCI Стандард: N° 155 / 15/01/1973

FCI Класификација:
Група: 6 - Гоничи и сродни раси
Секција: 1 - Гоничи
Подсекција: 1,2 - Кучиња со средна големина
Со работен испит
Земја на потекло: Босна и Херцеговина
Употреба: Одличен гонич, упорен и отпорен со звучен глас, понекогаш и со длабок тон на гласот.
Општ изглед: Робусно куче; влакната му се долги и разбушавени; главата му е долга и средно широка; веѓите му се нагласени и чупави; има силно и мускулесто тело. Со сериозен изглед, строг но заитересиран за игра. Гледано од профил, има нагласено испапчувањето зад главата. Челото му е лесно конвексно, носниот мост му е рамен. Има силна муцка со провокативен облик, покриена со густа брада и со бркови. Гледано одозгора главата му е со средна големина со стеснување према носот. Муцката му е нешто поголема од черепот. Вкупната должина на главата изнесува 20-25 см. Забите му се силни, комплетни со нормален загриз.
Линијата на грбот лесно му е навалена кон задницата. Опашот го носи малку заоблено према нагоре. Очите му се големи, овални, костенливо-кафејави, интелигентни и со играчки дојам. Светлите очи се елиминирачки фактор. Шепите со мачји изглед се со добро изразени јастучиња и со цврсти и темни канџи. Основната боја може да му биде пченично-жолта, црвенкасто-жолта, земјасто-сива или црнкаста. Белините често му се наоѓаат на главата (звездичка или флека на главата), под вратот, под грлото, на градите и под нив, на долните делови на нозете и на врвот на опашката.
Можни се комбинации на две или три бои. Сите други бои или комбинации на бои се елиминирачки фактор. Влакното му е тврдо, оштро, разбушавено заедно со подвлакното.
Должината за мажјаците изнесува од 46 до 56 см или идеално 52 см, додека женките се нешто помали. Тежината на мажјакот изнесува од 16 до 24 кг или идеално 20 кг.
Баракот спаѓа во групата на гоничи. Заедничка особина на сите кучиња од оваа група е да го гонат дивечот и доколку е тоа потребно да го спречат во понатамошниот бег, како би му овозможиле прилика на ловецот да пука во неа. За кучињата кои што го гонат дивечот “стенкајќи“, било одомаќено името “бракарци“, според германскиот и холандскиот назив
Bracke. На сите останати јазици се нарекуваат со анлогното име: француски -
braque, италијански -
bracco, т.е. ловечко куче.
Славниот предок на гоничите е кучето на св.Хуберт, куче со кое Хуберт ловел во седмиот век. Оваа раса ја одгледувале босанските бегови. Била позната и опишана во европската кинолошка литература веќе кон крајот на 19 век. Многу е ценето и лесно заодгледување.
Покрај тоа, се смета дека името “Барак“ потекнува од турскиот збор “барак“, што во превод значи кострушав или островлакнесто куче (ker). Самото име куче (ker), во превод од турски јазик значи куче кои се огласува кога го гони дивечот - гонич.
Суровите босанско-херцеговски планини се дом на низа на диви животни, како што се зајаците, лисиците и дивите свињи. Ловците во желба да создадат успешен гонич, ја создале оваа раса во деветнаесетиот век. Неговато отпорно и остро влакно му овозможува изолација и заштите против суровата клима. Босанскиот островлакнест гонич е жилаво, храбро, живо и упорно куче. Има типични карактеристики на еден гонич, а со својот длабик глас исто така е и добар чувар. Добро се однесува кон децата и кон останатите кучиња. Им се радува на активностите, со задоволство спие надвор и ретко каснува.
Висината на гребенот би требало да му биде некаде околу 45 до 56 см. Телото би требало да му биде речиси четвртасто, мускулаво и со добри коски. Босанските бараци имаат широка глава со рамен и триаголнест череп, уши кои не се премногу долги, кои висат близу до главата и кои немаат никакви превои. Влакното треба да му биде оштро со густо подвлакно и со бушав изглед.
Порано бил познат како Илирски гонич, а расата му е признаена во 1965 година под името Босански островлакнест гонич - барак.